ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА СО СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ НА ВИСОК И СРЕДЕН НАПОН Вложени се повеќе од 20 милиони евра

Милионски инвестиции за модернизација на високонапонска и среднонапонска мрежа

31

Електродистрибуција во првата половина од годината инвестираше повеќе од 20 милиони евра во модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа на висок и среден напон. Овие значајни инвестиции се наменети за проекти чија цел e долгорочно подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето на корисниците, како и зголемување на моќноста и капацитетот на дистрибутивната мрежа.

Голем проект кој тековно се реализира во центарот на Скопје е високонапонската трафостаница 110/35/10 kV „Централна“, во чија изградба досега се инвестирани 11 милиони евра.






Другата значајна инвестиција, во проектите за каблирање, надминува 9 милиони евра. Овие проекти опфаќаат замена на постоечките надземни линии со подземни кабли и изградба на нови кабелски линии во должина од 110 километри низ повеќе локации како Аеродром, Пештани, Зајас, Тајмиште, Струмица и Делчево.

До крајот на годината планирано е и поставувањето на новиот 110 kV кабел во правец Југ Нова – Централна – Вардар.

Овие инвестиции на Електродистибуција го подобруваат нивото на ефикасност на целиот систем.

 

 

Поврзани содржини