СИН СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СЕМЕЈСТВОТО Татко пријавил во полиција, 22-годишник приведен во станица

111

22-годишниот скопјанец М.Г. вчера беше приведен по пријава на неговиот татко дека упатувал закани кон него и кон другите членови од семејството.

Според пријавата, околу 15:30 часот во семејниот дом, младиот скопјанец со остар предмет упатувал закани кон својот татко и кон останатите членови на семејството.






Полицијата веднаш реагирала на повикот и го лишила од слобода осомничениот.

„Лицето е приведено и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок откако ќе се документира случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини