ЗОШТО НЕ Е УАПСЕН ЗАЕВ, КАКО ПОБЕГНА ГРУБИ? Левица со контранапад по обвинувањата дека „игра“ за ДУИ

„Речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?“ – пишува Левица.

764

Наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби – се вели во новото соопштение на Левица, упатено кон премиерот Христијан Мицковски.

„Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели. Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија“ – се вели во соопштението на Левица.






Во соопштеноето понатаму Левица јавно прашува: „Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи? А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?

Претходно , на митинг во Виница, Мицковски рече дека „на отворена сцена се гледа една непринципиелна коалиција помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна“.

„ОПАСНА Е НЕПРИНЦИПИЕЛНАТА КОАЛИЦИЈА НА ДИМЧЕ И АЛИ“ Зошто Левица нема кандидат во Велес, а има во Струга, праша Мицкоски

 

Поврзани содржини