ПЕТ ДРЖАВИ, ЕДЕН ТИМ „Флекс кредит“ на продажна конференција во Босна и Херцеговина

24

Што се случува кога ќе се соберат тимови од пет различни држави, секој со своја култура, пазар и искуство? Ако ги слушате разговорите, погледите, насмевките и идеите што се разменуваат ќе сфатите дека не се зборува само за конференција, туку за создавање заедничка визија.

– Третата годишна продажна конференција на Flex Credit Босна и Херцеговина не беше класичен собир за презентација на резултати. Беше доказ дека кога ќе се обединат различности од Македонија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се раѓа сила што не признава граници. Секоја презентација носеше повеќе од бројки, носеше вистински приказни од теренот, научени лекции, нови пристапи и моменти на триумф. Различните пазари споделија што функционира, што може подобро и како заедно можат да бидат поефикасни и пофокусирани на клиентот. Flex Credit уште еднаш покажа дека зад секој успех стои човек, посветеност и верба во заедничка иднина – соопштија од Флекс кредит.






Кога продажбата ќе стане човечка приказна, тогаш и успехот станува неизбежен, додаваат оттаму.

Македонскиот тим на „Флекс кредит“
Поврзани содржини