📽️ ХОРОР ПРЕД СИНАГОГА ВО МАНЧЕСТЕР НА ЈОМ КИПУР Напад со нож го нарушил мирот на илјадници верници

Полицијата во Манчестер потврди дека реагирала на дојава за напад со нож пред синагогата, а првичните информации укажуваат дека има повеќе повредени. Северозападната амбулантна служба прогласила „голем инцидент“ и испратила екипи на терен.

212

Неколку лица биле избодени пред синагога во Крампсол, Манчестер – и тоа токму во најсветиот ден од еврејскиот календар, Јом Кипур. Инцидентот го нарушил мирот на денот кога илјадници верници традиционално постат и се собираат во храмови, јави Би-Би-Си.

Се смета дека најмалку 4 луѓе се повредени.






– Се работи за сериозен инцидент – изјави градоначалникот на Манчестер, Енди Брнхам, додавајќи дека непосредната опасност е веќе помината, но ги повика граѓаните „да го избегнуваат подрачјето“.

Полицијата во Манчестер потврди дека осомничениот за нападот врз синагогата во Крампсал е застрелан.

„Полицијата беше повикана во синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк, на Мидлтон Роуд, Крампсал, во 9:31 часот наутро од страна на граѓанин, кој рекол дека бил сведок на автомобил кој се возел кон него, додека еден човек бил избоден со нож. Главниот полициски службеник прогласи голем инцидент во 9:37 часот наутро. Полицајците од полицијата на Манчестер испукале истрели во 9:38 часот наутро. Еден човек е застрелан, за кој се верува дека е сторителот“.

 

 

 

Полицијата потврди дека реагирала на дојава за напад со нож пред синагогата, а првичните информации укажуваат дека има повеќе повредени. Северозападната амбулантна служба прогласила „голем инцидент“ и испратила екипи на терен.

„Во моментов ја проценуваме состојбата и координираме со другите служби. Примарна цел ни е брзо да им се помогне на повредените“, соопштија од службата.

Истрагата е во тек, а полицијата останува на теренот.

Поврзани содржини