МИШЕЛ ФАЈФЕР ОБЈАВИ ДЕКА НЕОДАМНА СТАНАЛА БАБА Актерката не откри кое од нејзините деца има бебе

Актерката Мишел Фајфер, која ги има децата Клаудија (32) и Џон (31) со сопругот Дејвид Е. Кели, не откри кое од нејзините деца има бебе.

175

Познатата актерка Мишел Фајфер (67) влезе во ново, возбудливо поглавје во својот живот. Таа откри дека неодамна станала баба, а добрата вест веќе влијаела на нејзините деловни одлуки и на времето што е подготвена да го посвети на својата работа.

– Немам време ниту желба да одам толку длабоко на толку долго и да не бидам присутна. Сфаќам дека моето време е ограничено и, можеби ќе го објавам тоа во оваа емисија, станав баба минатата година – рече Мишел во подкастот SmartLess на 29 септември.
Актерката, која ги има децата Клаудија (32) и Џон (31) со сопругот Дејвид Е. Кели, не откри кое од нејзините деца има бебе. Сепак, таа додаде: „Бев многу тивка околу тоа и тоа е рај“.






Иако призна дека не очекувала да стане баба минатата година, тоа е улога што сака да ја исполни повеќе од која било друга сега.

– Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа. Но, уживав во сè и навистина сум благодарна. Ги сакам сите овие проекти – продолжи актерката, која според IMDb има четири проекти во подготовка.

Ова не е прв пат семејниот живот да влијае на нејзините деловни одлуки. Кога нејзините деца беа помлади, таа внимателно ги избираше улогите имајќи ги предвид нивните потреби.

– Сега сум во фаза на празно гнездо. Никогаш не ја изгубив љубовта кон глумата. Искрено, кога работам, јас сум поурамнотежена личност. Но, бев доста внимателна каде снимам и колку долго сум отсутна, дали тоа се вклопува во распоредот на децата – изјавила таа за Интервју во 2017 година и признала:

– Станав толку пребирлива што никој не сакаше да ме вработи.

Поврзани содржини