ПАРНОТО СЕ ВКЛУЧУВА НА 15 ОКТОМВРИ Граѓаните да ги завршат поправките навреме, апелира ЕСМ

Грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

139

ЕСМ Снабдување потсетува дека од 15 октомври официјално започнува грејната сезона за граѓаните приклучени на  системот за централно греење во градот Скопје и ги повикува до тогаш да ги завршат  поправките на внатрешната инсталација.

-Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина. Исто така, важно е заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација – велат од ЕСМ.






Оттаму појаснуваат дека согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Дали се исполнети условите за почеток на грејната сезона од годинава ЕСМ Снабдување ќе информира секој ден на својата веб-страница.

Компанијата информира и дека потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина  „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.

Поврзани содржини