📽️ СПОМЕН ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ Ќе се гради Меморијален центар на местото на модуларната болница во Тетово

Министерството за здравство го претстави идниот изглед на Меморијалниот центар во Тетово, посветен на жртвите од пожарот во модуларната болница кој однесе 14 животи.

647

Министерството за здравство денеска преку објава на Фејсбук го промовираше проектот за изгледот на идниот Меморијален центар во Тетово, кој ќе биде изграден во чест на жртвите од пожарот во модуларната болница.

Трагичниот настан, кој се случи во септември 2021 година, однесе 14 животи – 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини. Болницата беше целосно уништена за помалку од три минути, оставајќи длабока трага во јавноста.






– Овој центар ќе биде место за сеќавање, но и потсетник дека вакви трагедии не смеат да се повторат – порачаа од Министерството за здравство.

Модуларната болница во Тетово беше една од 29-те привремени болници изградени за справување со големиот број заболени од ковид-19 во периодот на пандемијата.

Истрагата за трагедијата сè уште нема добиено официјална разрешница, а семејствата на загинатите и понатаму бараат одговорност и правда.

Поврзани содржини