ПРОНАЈДЕНИ ИСЧЕЗНАТИТЕ ЛИЦА НА ВОДНО Брза и координирана реакција на тимовите на ЦУК, ДЗС и на Црвениот крст
На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.
Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, две лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во градот Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.
Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата се вклучени и екипи од Црвениот крст.