ХРВАТИТЕ ТРИЈАТ ОЧИ ОД ЦЕНАТА НА ЧВАРКИТЕ Нема да верувате колку чини еден килограм

Главниот „виновник“ за поскапувањето е африканската свинска чума, која во последниот месец доведе до масовна еутаназија на илјадници свињи на фармите во Славонија.

382

Некогаш важеше за најобичен „свински отпад“, а денес е гастрономски деликатес чија цена постојано расте – парадоксално, ако се земе предвид дека пред само неколку децении чварките се сметаа за храна наменета само за сиромашните.

Денес многу граѓани не можат да си ги дозволат, или можат повремено да купат само 100 или 200 грама. Најскапи се во Хрватска, а тоа го потврдуваат и фотографиите направени на пазарот во Загреб.






Имено, на познатиот загрепски пазар Долац, килограм чварки чини меѓу 1.500 и 2.000 денари, што предизвика изненаденост кај потрошувачите. Пакуваните чварки во супермаркетите моментално се продаваат по цена од 235 до 290 денари за 200 грама, а се очекува и понатамошен раст на цената.

Главниот „виновник“ за поскапувањето е африканската свинска чума, која во последниот месец доведе до масовна еутаназија на илјадници свињи на фармите во Славонија.

Стручњаците предупредуваат на можен колапс на домашното производство и значително поскапување, бидејќи Хрватска моментално обезбедува само 40 проценти од своите потреби за свинско месо од домашно производство, а остатокот го увезува.

Доколку ситуацијата не се подобри, традиционалните месни производи како куленот и чварките би можеле да станат ретка и исклучително скапа стока на полиците во маркетите.

Поврзани содржини