ПИЈАН ШТИПЈАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ Не сакал да го напушти возилото, тргнал да бега

72

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

„На 29.06.2025 во Штип, пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта, а по издадена наредба од полициски службеници за исклучување од сообраќајот, се обидел да побегне и притоа физички нападнал полициски службеник“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини