ТРАМП РЕТРОАКТИВНО ГИ НАМАЛИ ЦАРИНИТЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ АВТОМОБИЛИ Од 1 август за нив се плаќа царина од 15%

Во известувањето од САД, исто така, се наведени стотици производи од ЕУ кои се ослободени од новите царини на Трамп, вклучувајќи природни ресурси како што се плута што недостасува во САД, сите авиони и делови за авиони, како и генерички фармацевтски производи и нивните состојки и хемиски прекурсори.

324

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп  соопшти дека  ретроактивно ќе важи царинската стапка од 15% за автомобили и автоделови од ЕУ. Царината е со важност од 1 август.

Во известување од Федералниот регистар се наведува дека го измениле распоредот на царините за да го спроведат рамковниот договор постигнат со ЕУ во јули, со кој се намалуваат царините на 15% за поголемиот дел од увозот од ЕУ, вклучително и автомобилите.






За автомобилската индустрија, одлуката значи намалување на царините од 25% на 15% , потег што ги ублажи тензиите во секторот кој чекаше повеќе од еден месец за официјална потврда. 

Во известувањето од САД, исто така, се наведени стотици производи од ЕУ кои се ослободени од новите царини на Трамп, вклучувајќи природни ресурси како што се плута што недостасува во САД, сите авиони и делови за авиони, како и генерички фармацевтски производи и нивните состојки и хемиски прекурсори.

Поврзани содржини