ЌЕ ОБЈАВИМЕ СЕРИЈАЛ НА СЛУЧАИ КАКО СУДЕЛЕ НЕКОИ СУДИИ И КАКО ОБВИНУВАЛЕ НЕКОИ ОБВИНИТЕЛИ Ќе се зголемат платите на судската администрација, најави Мицкоски

Со измените на законите за обвинителска и за судска служба ќе ја зголемиме платата на администрацијата во судовите и во обвинителствата, за тоа никој нема против, затоа што дискрипанцата е 5 спрема 1, 7 спрема 1 во платите помеѓу асистентите и помошниците и самите обвинители, вели премиерот Мицкоски.

1,163

Дел од судиите и обвинителите не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите на администрацијата во судовите и во обвинителствата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање во врска со реакцијата на судиите и обвинителите за ставот дека нивните плати не се заслужени и за обвинувањата од опозицијата дека е блокиран процесот на реформската агенда во правосудството.






– Благодарам на прашањето, суштинско. Важно прашање за иднината на државата и владеењето на право. Одговорот ќе го поделам во два дела. Првиот дел е следен. Сега веќе на целата македонска јавност ѝ стана јасно дека не зборуваме за суштински реформи во судството и во обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите, со цел зголемување на платите. Тоа е реформата, и добро е што сега македонската јавност може да суди. Дали овие коишто, не зборам за сите, ќе повторам, еве нека ми простат, има и такви коишто си ја вршат својата работа согласно со законите и со Уставот, но има мал дел коишто го загрозуваат овој процес, и обвинители и судии, коишто не ја заслужуваат ниту оваа плата којашто ја земаат – рече Мицкоски.

Тој најави дека ќе бидат зголемени платите во судско-обинителската служба.

Понатаму, дали ние ќе одвоиме, да речеме два пати повеќе од некои многу поразвиени земји членки во Европската Унија, еве оставам јавноста и граѓаните да судат, за платите на судиите и обвинителите. Тоа е суштината. Значи ние континуирано зборуваме за зголемување на платите на судиите и обвинителите. Никој не е против измените во законот за обвинителска и судска служба, тие се два закони, со кои ќе ги зголемиме платите за администрацијата, за вработените во судовите и во обвинителствата. Тоа е дел од преговорите што ги водиме со синдикатите и ние сме подготвени тоа да го направиме. Тука никој нема против, затоа што дискрепанцата е пет, седум спрема еден, помеѓу нивните асистенти и помошници и самите обвинители и судии – рече Мицкоски.

И ќе почнеме еден цел серијал на случаи како суделе поедини судии и како обвинувале поедини обвинители, додаде тој.

– Јавноста нека суди дали тие заслужуваат, па да кодошат таму по Брисел каде одат дека Владата не им ги зголемува платите. Еве јавноста нека суди и тие во Брисел нека судат дали овие луѓе што се генератори на корупцијата во државата, наместо да се борат против корупцијата, ја заслужуваат оваа плата. Ние како Влада еве 15 месеци сме избрани, нема ниту еден скандал криминален, коруптивен, тоа е владеење на право. Општините четири години, каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, нема ниту еден скандал криминален, коруптивен. Еве јавноста нека суди дали 1,3% од БДП, коешто ги проектираме, некаде таму 2028 година, при крајот на мандатот на оваа Влада, номинален да биде, некаде околу 20 милијарди долари. Тоа значи 260 милиони долари треба да имаат буџет. Јавноста нека суди, еве ние нема да зборуваме – рече Мицкоски.

Јас не очекувам од тие, коишто ги поставуваа овие судии и обвинители, да имаат поинаков став од тој што го имаат, заштитнички.

– Кој ги брани обвинителите и судиите? Повторно ќе кажам се оградувам, не мислам на сите судии, мислам на мал број. Тоа се најчесто оние политичари коишто доаѓаат од Мала Речица или од Бихаќка, бидејќи тие се нивниот последен бастион за одбрана од криминалот и корупцијата во минатото. Затоа што се свесни и исплашени, тоа е многу важно, исплашени, дека оној шверцерски закон којшто го протнаа, односно измените на оној шверцерски закон којшто го протнаа со европско знаме во Парламентот, не е доволен да се спасат. И дека има и други одредби коишто го препознаваат нивниот криминал. И за којшто тие треба да дадат отчет. Но, со овие судии и обвинители, ќе повторам, да не бидам погрешно сфатен, неколкумина коишто се последниот бастион во одбрана на поранешната Влада на СДСМ И ДУИ, правдата е невозможна. Затоа после локалните избори ќе ги најдеме сите правни механизми, без разлика какви и да се критиките. Без разлика какви и да се критиките, мора да имаме обвинители коишто обвинуваат и судии коишто судат според Закон и Устав – вели Мицковски.

СПОРЕД МИЦКОСКИ, СУДИИТЕ НЕ ГИ ЗАСЛУЖУВААТ ПЛАТИТЕ Судија зема 86.000 денари месечно, му одговори Здружението на судиите

 

Поврзани содржини