„РУСИЈА Е МЕЧКА, А ХАРТИЕНИ МЕЧКИ НЕ ПОСТОЈАТ“ Кремљ му одговори на Трамп
Терминот „хартиен тигар“ беше употребен во однос на нашата економија. Русија воопшто не е тигар. На крајот на краиштата, Русија повеќе се поврзува со мечка, а хартиени мечки не постојат, вели Песков.
Русија е повеќе како мечка отколку тигар, a хартиени мечки не постојат, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „хартиен тигар“.
– Терминот „хартиен тигар“ беше употребен во однос на нашата економија… Русија воопшто не е тигар. На крајот на краиштата, Русија повеќе се поврзува со мечка, а хартиени мечки не постојат – изјави Песков за радио РБЦ.
Трамп вчера изјави дека Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, има реална шанса да ја врати својата територија и да ги врати границите што ги имаше пред почетокот на војната со Русија.
Тој рече дека бидејќи „бесцелно“ води војна три и пол години, Русија се однесува како „хартиен тигар“ и дека на вистинска воена сила би ѝтребало помалку од една недела за да ја добие таа војна.