ТОЈ МУ БЕШЕ ТАТКО НА ЃОКОВИЌ ВО ТЕНИСОТ Почина тренерот Никола Пилиќ

Во 2007 година, на лично барање на Ѓоковиќ, Пилиќ стана консултант на српската репрезентација и им помогна да го освојат Дејвис купот во 2010 година.

507

Југословенскиот и хрватски тенисер и тренер Никола Пилиќ почина во Риека во 87 година од животот, објавија хрватските медиуми.

Пилиќ ја освои титулата во двојки на Отвореното првенство на САД во 1970 година. Во текот на својата кариера освои четири титули во поединечна и шест титули во двојки. Како тренер, Пилиќ работеше со Србинот Новак Ѓоковиќ, со Хрватот Горан Иванишевиќ и со Германецот Михаел Штих.






– Пилиќ беше таткото на Новак Ѓоковиќ во тенисот. Тој му помогна на Ѓоковиќ да се развие, да го стекне потребното знаење и да создаде услови Новак да стане она што е денес – пишуваат српските медиуми.

Во 2007 година, на лично барање на Ѓоковиќ, Пилиќ стана консултант на српската репрезентација и им помогна да го освојат Дејвис купот во 2010 година. Тој, исто така, ги предводеше германските и хрватските селекции до победи на овој турнир. 

Поврзани содржини