📽️ МАДУРО МУ ЗА’РЖА НА ТРАМП, ВПРЕГНА РУСКИ АВИОНИ Венецуела демонстрира моќ во голема вежба на Карибите

На снимките објавени од војската на Венецуела се гледаат десантни операции, патролни пловни објекти и воздушна поддршка од авиони Су-30МК2. Претседателот на Венецуела коментирајќи го американското воено присуство минатиот месец изјави дека ниту една империја нема да ја допре светата почва на Венецуела.

878

Венецуелски борбени авиони произведени во Русија вооружени со ракети „Криптон“, прелетаа над Карибите, додека маринци се симнуваа на плажа од амфибиски бродови, јави Си-Ен-Ен. Војната вежба „Суверен Кариби 200“ на островот Ла Орчила започна во услови на силни тензии со САД кои претходно испратија свои бродови и воени авиони во регионот.

Во вежбите на венецуелската армија се вклучени над 2.500 војници, 22 авиони и повеќе од 30 бродови, меѓу кои и 12 воени. Министерот за одбрана Владимир Падрино рече дека оваа масовна мобилизација е одговор на зголеменото американско воено присуство во регионот.






– Ова е порака дека Венецуела ќе се брани од секој обид за агресија – истакна Падрино за државната телевизија VTV.

 

На снимките објавени од војската се гледаат десантни операции, патролни пловни објекти и воздушна поддршка од авиони Су-30МК2. Каракас посочи дека вежбите се дел од националната стратегија за одбрана од странски интервенции.

„Оваа демонстрација на сила доаѓа поради распоредувањето на американски бродови во Карибите“, соопшти венецуелската армија.

Американските сили, предводени од бродови како „УСС Иво Џима“, крстосувачот „Лејк Ери“ и неколку разорувачи од класата „Арли Бурк“, се распоредени со образложение дека ја спречуваат трговијата со дрога. Но претседателот Николас Мадуро смета дека целта е дестабилизација на неговиот режим.

– Ниту една империја нема да ја допре светата почва на Венецуела – предупреди Мадуро минатиот месец.

Покрај армијата, мобилизирани се и милиони членови на венецуелската милиција. Според анализата на Меѓународниот институт за стратешки студии, Венецуела поседува 21 авион Су-30, но не е познато колку од нив се оперативни поради економските проблеми и недостигот на резервни делови.

И покрај воената ескалација, американскиот специјален претставник Ричард Гренел изјави дека – сè уште верувам дека е возможно решение без конфликт.

Поврзани содржини