🎥 СИТЕ ИМААТ СЕКС, САМО НЕКОИ ОД НАС СЕ СНИМААТ Австралијците згрозени од скандалозниот документарец за Бони Блу

Филмот привлече големо внимание бидејќи го следи контроверзниот предизвик во кој 26-годишната Австралијка имала секс со 1057 мажи за само 12 часа.

3,077

Документарниот филм „1000 мажи и јас: приказната за Бони Блу“, кој ја раскажува приказната за Австралијката Бони Блу, неодамна беше објавен на австралиската стриминг сервис Stan. Филмот привлече големо внимание бидејќи го следи контроверзниот предизвик во кој 26-годишната девојка спиела со 1057 мажи за само 12 часа.

– Сите имаат секс, само некои од нас се снимаат – вели Бони во трејлерот за филмот. Во него се појавува и нејзината мајка која ја коментира одлуката на нејзината ќерка да живее ваков живот.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stan. (@stanaustralia)

OnlyFans ѝ го отстранил профилот

Бони Блу, чие вистинско име е Тиа Ема Билингер, станала позната откако почнала да им нуди бесплатен секс на мажите под услов да се согласат да бидат снимани. Со објавувањето на овие снимки на платформата OnlyFans, таа брзо создала, како што вели, „порно империја“. Сепак, нејзиниот профил на платформата бил отстранет поради „екстремна содржина“.

Бони планирала да лансира „љубовна зоолошка градина“ за да го сруши сопствениот претходен рекорд од јануари 2025 година, кога, според нејзиниот ПР тим, спиела со 1.057 мажи за 12 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bonnie Blue (@onlybonnieblue)

Таа објавила експлицитен опис на планот што сакала да го спроведе на социјалните мрежи: – – Твоја сум 24 часа. Врзана, заробена, наведната, ќе те молам – каква и да ме сакаш, можеш да ме имаш. Без ограничувања. Без паузи. Само јас, во кутија, подготвена за употреба.

По забраната, таа објавила дека „контроверзниот настан“ сепак нема да се случи.

Негативни реакции од публиката

Објавувањето на трејлерот за филмот на социјалните мрежи веднаш предизвикал бран критики кон стриминг услугата Стен. „Подобар си од ова“, „Ова еден ден ќе ја прогонува“, „Не ѝ давај простор на оваа жена“, „Нема да ти оставам ниту еден цент“, „Ова е шокантно и страшно“, „Луѓето ќе направат сè за пари и слава“, се само некои од многуте коментари од корисниците.

Документарецот првпат беше прикажан минатиот месец на британскиот Канал 4, што предизвика дополнително незадоволство бидејќи станува збор за јавен телевизиски канал. Критичарите во тоа време предупредија дека ваков вид содржина не е погодна за емитување на јавна телевизија, дури ни во доцниот вечерен термин.

Поврзани содржини