МЕЏИТИ ВЕТИ МОДЕРНО УЧИЛИШТЕ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Прво училиште од таков тип во земјава, ќе го користат деца од 27 општини

Институцијата ќе има капацитет од 150 до 200 ученици, функционални простории на два ката, специјализирани училници за аутизам и други посебни потреби, со просторија за настава, одмор, спиење и рекреација.

326

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со претставници на здруженијата на лица со посебни потреби, каде што го претстави својот план за похумана и поинклузивна општина Чаир, се наведува во соопштението на Вреди.

– Нашата визија е создавање достапна и достоинствена средина за сите граѓани, без исклучок. Чаир треба да стане општина каде што лицата со посебни потреби ќе имаат целосна поддршка, соодветна инфраструктура и квалитетни услуги – истакна Меџити на средбата.






Тој најави дека сите објекти и институции во надлежност на Општината ќе бидат приспособени според стандардите за пристапност, со што ќе се овозможат лесен пристап, функционална инфраструктура и достапни услуги за оваа категорија граѓани.

Истовремено, ќе се поттикнува и приватниот сектор да го следи истиот инклузивен и одговорен модел.

Еден од клучните проекти во неговата програма е изградбата на модерно училиште за деца со посебни потреби, на просторот кај училиштето „Иднина“.

– Институцијата ќе има капацитет од 150 до 200 ученици, функционални простории на два ката, специјализирани училници за аутизам и други посебни потреби, со просторија за настава, одмор, спиење и рекреација. Ова ќе биде прво училиште од ваков тип во државата, кое ќе им служи на деца од 27 различни општини – рече Меџити.

Покрај инфраструктурните инвестиции, Општина Чаир ќе поддржи и организирање културни, рекреативни и социјални активности за лицата со посебни потреби, со цел нивна подобра инклузија, социјализација и благосостојба.

– Секој чекор што го преземаме има една јасна цел: да го направиме Чаир модерна, хумана и еднаква општина – каде што никој нема да биде изоставен – заклучи Меџити.

 

Поврзани содржини