📷 ПАЛЕСТИНА ЗА ПРВПАТ НА „МИС УНИВЕРЗУМ“ Запознајте ја убавицата Надеен Ајуб – девојка со важна мисија
Родена е во Јафа и детството го минала на релација Палестина–Канада–САД, а денес живее и работи меѓу Рамала, Аман и Дубаи, каде професионално се занимава со фитнес и нутриционистичко советување. Целта ѝ е да го промени начинот на кој Палестина се прикажува во јавноста.
Оваа година Палестина за првпат ќе испрати своја претставничка на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ – а тоа е 27-годишната Надеен Ајуб, која сака да ја искористи светската сцена за да ја прикаже својата татковина надвор од медиумските извештаи за конфликти и страдања.
Родена е во Јафа и детството го минала на релација Палестина–Канада–САД, а денес живее и работи меѓу Рамала, Аман и Дубаи, каде професионално се занимава со фитнес и нутриционистичко советување. Целта ѝ е да го промени начинот на кој Палестина се прикажува во јавноста.
Надеен во 2022 година ја освои титулата „Мис Палестина“, а истата година на изборот „Мис Земја“ влезе во топ 5 и ја доби титулата „Мис Вода“. Студирала книжевност и психологија, а својата платформа активно ја користи за промовирање на правата на жените и децата, одржливоста и менталното здравје.
Таа ја основала и организацијата Olive Green Academy, која преку едукација на жени ги поврзува одржливоста и вештачката интелигенција, како и медиумска платформа која ја промовира палестинската култура и идентитет.
На „Мис Универзум“, Надеен сака да ја претстави Палестина и нејзината култура, нагласувајќи дека Палестинците не се само симбол на борба и страдање, туку и луѓе со надеж и амбиции – деца и жени кои го градат својот секојдневен живот и бараат можности за образование, работа и личен развој.
View this post on Instagram