ДУИ ЗБОРУВА ЗА ВОЗДУХОТ, А 20 ГОДИНИ ГО ТРУЕШЕ НАРОДОТ СО КОРУПЦИЈА Вреди одговори на обвинувањата од Мала Речица
Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, реагираше веднаш, координирано и заедно со сите надлежни органи и институции, вклучувајќи ги и противпожарните служби и сите надлежни институции, наведено е во соопштението на Вреди.
ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу, обвини коалицијата Вреди преку соопштение.
„ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници. А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови во светот со неколку ваши министри за животна средина? Каде бевте кога граѓаните протестираа за чист воздух и против дивите депонии, додека вие правевте математики кој колку проценти ќе земе од тендери? Што се однесува до ‘личните интереси’ што ги споменува ДУИ, вие, со целата ваша криминализирана клика во 20 години власт, за малку што не влеговте во Гинисовата книга на рекорди за корупција и злоупотреба на државните ресурси. Депониите се создаваа додека вие купувавте трговски центри, нафтен бизнис и централи со фотоволтаици. Депониите околу Скопје, во Тетово, во Кичево и во Струга се наследство од времето на ДУИ“, соопшти Вреди.
Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, реагираше веднаш, координирано и заедно со сите надлежни органи и институции, вклучувајќи ги и противпожарните служби и сите надлежни институции, наведено е таму.
„Ситуацијата веќе е под контрола и граѓаните се информираат навремено. Палењето на депониите било во ‘Дрисла’, во Шуто Оризари или во Трубарево во пресрет на изборите ја отвора темата за обидите за дестабилизација на кои и претходно укажувавме. Граѓаните добро знаат кој е одговорен за оваа состојба и на 19 октомври ќе го дадат заслужениот одговор“, се вели во соопштението.