ПРИВЕДЕН Е ПРАТЕНИКОТ НА ЛЕВИЦА САШКО ЈАНЧЕВ Со автомобил удрил мотоциклист, тешко повредено е 16-годишно момче

Несреќата се случила 50 минути по полноќ, а по изврешениот увид, по наредба на јавен убвинител, Јанчев е приведен по соменеие за две дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

901

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен откако ноќеска бил учесник во сообраќајна несреќа во која има повредени двајца малолетници. Јанчев со неговото возило со судрил со мотор кој го управувал 16-годишник. И момчето и неговата 13-годишна сопатничка со тешки телесни повреди се во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Несреќата се случила 50 минути по полноќ, а по изврешениот увид, по наредба на јавен убвинител, Јанчев е приведен по соменеие за две дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.






– Денеска (14.09.2025) во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека очекува Јанчев да поднесе оставка од функцијата пратеник од морални причини.

– За жал, навистина немил настан, посакувам брзо заздравување на повредените, а што се однесува до пратеникот од политичката партија Левица, Сашко Јанчев, очекуваме оставка од морални и етички причини – рече Манасиевски.

Поврзани содржини