ДИРЕКТОРОТ НА „ДРИСЛА“ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИЈА Хусени и работници под сомнежи за намерен пожар во депонијата

Плусинфо дознава од извори дека полицијата го повикала директорот Самир Хусени и повеќе вработени во „Дрисла“ на распит поради сомнежи дека пожарот бил намерно подметнат.

1,675

Директорот на депонијата „Дрисла“, Самир Хусени, заедно со повеќе вработени лица се повикани на распит во СВР Скопје, дознава „Плусинфо“ од свои извори.

Според нашите извори повиците следуваат поради сомнежите за намерно палење на депонијата и големиот пожар кој избувна пред пет до шест дена на депонијата можеби бил подметнат.






Пожарот неколку пати повторно се распламтуваше, иако беше ставен под контрола, а чадот и непријатната миризба силно се чувствуваа во утринските и вечерните часови во Скопје, предизвикувајќи реакции кај скопјани на социјалните мрежи.

Од МВР засега нема официјална потврда за причините за повикувањето на распитите, но истрагата е во тек.

Поврзани содржини