📷 ГОРИ ФАБРИКА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД ВО ТРУБАРЕВО Огромен чад над градот кој се забележува од повеќе делови

Огромен црн чад се издигнува над Скопје и предизвикува загриженост кај граѓаните, по пожарот што избувна во „Нулта отпад“ во Трубарево.

5,268

Голем црн чад се издигнува над Скопје и е видлив од повеќе населби, алармираат загрижени граѓани на социјалните мрежи. Пожарот избувнал во село Трубарево, а првичните информации укажуваат дека гори фабрика за пластични материјали.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, накратко потврди дека пожарот што избувнал ги зафатил објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад во скопското село Трубарево, но не сподели повеќе детали засега.






Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, потврди дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112.

– Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град Скопје е на лице место и интервенира во гаснењето на пожарот. Состојбата внимателно се следи – изјави Али.

Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веќе се на терен и работат на локализирање на огнените јазици. Засега не се соопштуваат дополнителни информации за евентуални повредени или причинета материјална штета.

Во пожарот што избувнал во компанијата за преработка на електронски отпад во скопско Турбарево се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. Горноврановска во Горно Лисиче

– Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи – изјави Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Како што рече Томевски, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. Горноврановска во Горно Лисиче.

Повеќе детали за овој пожар се очекуваат во текот на денот.

Поврзани содржини