ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, МОЖНО Е ЦУНАМИ Моќен потрес регистриран од 7,4 степени во Камчатка

По земјотресот со јачина од 7,4 степени прогласена е опасност од цунами на Камчатка и Курилските острови.

600

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Силниот потрес предизвика вознемиреност кај населението и алармираше локалните власти.

Веднаш по земјотресот, гувернерот на регионот Владимир Солодов објави дека е прогласена опасност од цунами за Камчатка и Курилските острови, додека службите за итни случаи се во готовност за евакуација доколку тоа биде неопходно.






Руската геофизичка служба соопшти дека според нивните мерења, земјотресот имал магнитуда од 6,3 степени, со епицентар на 123 километри од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 46,8 километри. Иако податоците се разликуваат, силата на потресот била доволна за да предизвика страв кај жителите и да ги активира сите безбедносни протоколи.

Поврзани содржини