ДАРИО И АДРИЈАНА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА Нашите маратонци стартуваат на светскиот атлетски самит
Двајца македонски атлетичари ќе се натпреваруваат на маратонските трки во Токио, со старт во 7:30 часот по локално време или 00:30 по македонско време.
Светското првенство во атлетика во Токио стартува утре и ќе трае до 21 септември, а Македонија ќе биде претставена со двајца атлетичари на најпрестижниот светски атлетски самит.
Македонските претставници ќе се натпреваруваат на маратонските трки. Во женската трка, која ќе се одржи на 14 септември, ќе настапи Адријана Поп-Арсова Рашиќ, додека во машката маратонска трка ќе се појави Дарио Ивановски, олимписки атлетичар и македонски рекордер во маратон.
Стартот на двете трки е закажан за раните утрински часови по локално време во Токио – 7:30 часот. Според македонското време, трките ќе почнат околу 00:30 часот, што значи дека љубителите на атлетика ќе можат да ги следат натпреварите во текот на ноќта.