ДРИСЛА СЀ УШТЕ ЧАДИ, ВАРДАРИШТЕ НЕ Продолжува затрупувањето на скопската депонија
Чадењето од депонијата Дрисла е сè уште присутно, но во многу помал обем, информира Ангеков. Тој тврди дека белилото што се гледа во Скопската Котлина е утринска септемвриска магла, а не опасен чад од депонијата.
Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денеска затрупувањето продолжува со засилено темпо, бидејќи вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Чадењето од депонијата Дрисла е сè уште присутно, но во многу помал обем, информира Ангелов. Тој тврди дека белилото што се гледа во Скопската Котлина е утринска септемвриска магла, а не опасен чад од депонијата.
Дивата депонија Вардариште, пак, е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење, додаде Ангелов.
Во врска со полемиките дали воздухот е дополнително загаден од депонијата Дрисла, од ДЗС упатуваат да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање.
Чадењето од депонијата Дрисла е сеуште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата.