НА РЕБЕКА Ѝ Е АУТ ЛЕВАТА, А НА МИЛАН ДЕСНАТА РАКА На Фејсбук им посакуваат закрепнување, а тие се шегуваат на своја сметка
Да видите како миеме садови, тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава, се шегува пејачката Ребека која на Фејсбук, одговарајќи им на следбениците и пријателите кои им посакуваат побрзо закрепнување, објаснува и што им се случило неа и на нејзиниот сопруг
Откако пејачката Ребека Јанковска Ристески на Фејсбук објави фотографија на која се гледа дека ѝ е повредена левата рака, а на нејзиниот сопруг, д-р Милан Ристески – десната рака, нивните следбеници и пријатели во пораките им посакуваат брзо закрепнување.
Тие пак, очигледно, наместо да очајуваат, одбрале да се шегуваат на своја сметка
– Што ти се вика љубов, едниот вози со својата здрава рака, другиот менува брзини со својата здрава рака… Како што би рекле браќа Срби, ЗАРУЧЕНИ смо!!!, напишал Мики под фотографијата која Ребека ја објави пишувајќи само: Едно сме.
Покрај пораките за брзо заздравување, некои од пријателите прашуваат и што им се случило, па Ребека објаснува дека нејзиниот сопруг имал операција на рамото, а таа си ја шинала дланката „од терет“.
– Ќе мине. Благодариме, пишува Ребека и продолжува да се шегува на нивна сметка:
– Да видите како миеме садови. Хахаха..Тој држи јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава.
Ребека и нејзиниот сопруг Милан се во брак 19 години, а заедно со 30 и имаат три машки деца: Маркијан, Макариј и Доротеј.