НАТО НЕМА ДА ГО СМЕТА ЗА НАПАД ИНЦИДЕНТОТ ВО ПОЛСКА Руските дронови не отвориле оган врз полските системи „Патриот“

Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала со радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган.

295

Инцидентот во Полска со соборените руски дронови во моментов не се третира како напад, велат извори на НАТО. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала со радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган.

Послка претходно соопшти дека побарала да се активира членот 4 во НАТО.






Покрај полските авиони Ф-16, во ноќешната операција за заштита на полскиот воздушен простор учествувале и холандски авиони Ф-35 и италијански авиони за надзор АВАКС, јавуваат британските медиуми.

Британските медиуми потсетуваат дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.

Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека тоа е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.

Туск претходно изјави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако повеќе од десетина беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на руските напади врз Украина, јави ДПА.

Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на ѕид против беспилотни летала по должината на источниот дел од Европската Унија откога руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.

Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.

Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана на Белорусија, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија
Поврзани содржини