ПОКРАЈ ВОЗИЛОТО НА ЧОМБЕ ИЗГОРЕЛЕ УШТЕ ДВЕ ВОЗИЛА Полицијата со детали за пожарот во Кисела Вода

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

998

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓорѓи Галетановски од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).






„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението.

Галетановски во изјава за медиумите рече дека се сомнева оти пожарот е намерно предизвикан.

📷 ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛОТ НА ЃОРГИ ГАЛЕТАНОВСКИ-ЧОМБЕ Го виделе подметнувачот како бега

Поврзани содржини