МАКЕДОНИУМОТ ПЛИВА ВО ВОДА Немало ни пари ни кадар за да се санира?!

При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани.

2,013

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле.

Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на објектот, а нема веќе ниту кадри кои би знаеле тоа да го сторат. Но, најавено е дека во 2026 година ќе се уредува партерот пред споменикот.






Поврзани содржини