ПИЈАНИ ЛУЃЕ НЕМА ДА СЕ ШЕТААТ НОЌЕ НИЗ ГРАДОВИТЕ Хрватска го ограничува времето за купување разладен алкохол
Општинитте ќе можат на трговските објекти да им забранат продажба на разладен алкохол после одредено време во денот.
Хрватска до крајот на годината значително ќе ја ограничи продажбата на разладени алкохолни пијалаци. Министерството за економија прекку измени на Законот за трговија ќе предвиди можност градовите и општините да утврдат во кои области и само во кои термини продавниците и киосците можат да продаваат разладни алкохолни пијалоци.
Сега во Хрватска може да се купи разладено пиво на кој било киоск, продавница или на бензинска пумпа. Во иднина, ова повеќе нема да биде можно, или трговските објекти ќе треба да имаат посебна дозвола од градот или општината.
Истото важи и за времето во кое можат да се продаваат разладени алкохолни пијалоци.
На пример, туристичко место или град што има проблем со туристите што пијат цел ден може, на пример, да ја забрани продажбата по 17 часот, или порано или подоцна.
Министерството го гледа ова како малку поблага варијанта од целосна забрана за алкохол во вечерните часови, и веруваат дека ова би го решило проблемот со пијаните луѓе кои го нарушуваат јавниот ред и мир на улиците, за што особено силно се жалат од минатото лето во Сплит, но и во некои други туристички дестинации на крајбрежјето.
-Градските центри повеќе нема да изгледаат како сега навечер поради пијанство. Вакви купувања не се можни ниту во некои други земји. Во Австрија не можете да купите алкохол на киоск или бензинска пумпа во скијачки центар – велат од Министерството за економија.
Ова ќе важи и за големите малопродажни синџири, па затоа и тие ќе зависат од одлуките на градовите.