ПОЧНА ФЕСТИВАЛ НА КАМЕРЕН ТЕАТАР „РИСТО ШИШКОВ“ Во конкиренција за награда се претстави од Македонија, Италија Србија и од Бугаија

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се четириесетина актери од 12 претстави од земјава, Бугарија, Србија и од Италија.

114

Завесата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на независноста, вечерва ја кренаа актерите од НТ „Антон Панов“ Струмица со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во режија и сценографија на Благој Мицевски.

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се четириесетина актери од 12 претстави од земјава, Бугарија, Србија и од Италија.






Жирито го предводи ланскиот лаурет, Долорес Лео Поповиќ, кому вечерва му беше врачена плакетата за најдобро актерско остварување од минатогодишното фестивалско издание.

– Оваа награда за мене е од посебно значење и особена чест како независен актер, сиромашен актер, како алтернативен и панк актер и како КВИР актер – рече Лео Поповиќ.

Според селекторот на фестивалската програма, режисерот Љупчо Георгиевски, дванаесетте претстави избрани за учество на Фестивалот ќе понудат одлични актерски креации.

-Се радувам што и оваа година имавме богат и тежок избор, затоа што се повеќе и повеќе има конкурентни претстави и актерски ролји за оваа награда. Бидејќи се работи за фестивал на актерот, кадешто единствена награда е наградата „Ристо Шишков“, се разбира, дека водилка во селекцијата ми беше актерско остварување кое ќе биде конкурентно за оваа награда – рече Георгиевски.

Утревечер на фестивалската програма се три претстави: „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во изведба на актерите на МНТ во режија на Егон Савин, „Бели ноќи“ според Достоевски во режија на Звездана Ангеловска на МНТ Скопје и копродукција и монодрамата „Фетишист“ според Мишел Турние во изведба на Здравко Стојмиров.

Фестивалот се одржува од 8. до 13. овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Струмица.

Поврзани содржини