ПОСЕТИТЕЛИТЕ ЌЕ ГИ ДОЧЕКА МУРАЛ Општина Карпош ја пушта во употреба новата општинска зграда

Со современ интериер, кабинети и комплетно функционален приземен дел, новата зграда е изградена во согласност со потребите на локалната самоуправа и на граѓаните, соопшти Општина Карпош.

233

Општината Карпош во среда ќе ја пушти во употрена новата општинска зграда, која се градеше со години.

„Општина Карпош информира дека по завршените приклучоци од страна на ЕВН КЕЦ Ѓорче Петров, новата општинска зграда е ставена под електрична мрежа и е целосно осветлена. Во тек е и финалното поврзување на телекомуникациските и интернет врските, со што објектот ќе стане целосно функционален за користење. Свеченото отворање на новата општинска зграда ќе се одржи на 10 септември (среда), со почеток во 19:00 часот, пред новата општинска зграда“, соопшти Општината Карпош.






Оваа модерна и енергетски ефикасна зграда претставува едно од најзначајните вложувања во историјата на Општина Карпош, се додава во соопштението.

„Со современ интериер, кабинети и комплетно функционален приземен дел, новата зграда е изградена во согласност со потребите на локалната самоуправа и на граѓаните. Со овој капитален проект, Општина Карпош ја потврдува својата определба за создавање современи, функционални и енергетски ефикасни јавни објекти, во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги во услови достојни за еден европски град. На свеченото отворање се поканети сите граѓани, медиумите и соработниците на Општината“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

 

Фото: Општна Карпош
Поврзани содржини