ДВЕ СЕЛА БЕА ВО ОПАСНОСТ, ПОЖАРОТ Е ЛОКАЛИЗИРАН Драма во Беровско, општината итно бараше доброволци

Доколку пожарот е активен и наутро ќе бидат упатени еден армиски и еден полициски хеликоптер како и два „ер трактори“ на ДЗС, соопшти вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

589

Пожарот во Беровско е локализиран, екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми продолжуваат со работа со надеж за целосно гаснење во текот на ноќта, соопшти вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Доколку пожарот е активен и наутро ќе бидат упатени еден армиски и еден полициски хеликоптер како и два „ер трактори“ на ДЗС. За подршка се подготвени и три пинцгауери, а по потреба и повеќе“, информираше Ангелов.






Претходно вечерва Општината Берово преку Фејсбук упати апел до граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарот кој избувна на месноста Гарваново андак.

 

„Според информациите од ТППЕ Берово, кои во цел состав се на терен, заедно со ШС Малешево од Берово и Пехчево, пожарот брзо се шири накај Градишчето и Трсавица. Доколку во најскоро време не се стави под контрола, може да биде фатално, поради густата брица која ја има во овој дел. Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари“, повикаа Општината Берово.

 

Поврзани содржини