НОВА ИДЕЈА НА ЕДИ РАМА, ЌЕ ЗАБРАНИ „ТАЛАВА“ МУЗИКА НА ПЛАЖИТЕ? За албанскиот премиер проблем се туристите кои „сакаат да се бијат со Србија“
Талава е музички стил кој своите корени ги има во 1980-тите меѓу ромските и ашкалиските заедници во Косово и во Македонија. Подоцна жанрот се проширил низ целиот Балкан, особено меѓу албанската популација. Некои ја сметаат за вид на турбофолк.
Премиерот на Албанија сака да го забрани албанската музика „талава“ на плажите во земјата, обвинувајќи ги токму домашните туристи дека зад себе оставаат најмногу отпад.
– Не се туристите што зборуваат англиски, шпански или италијански тие што ни ги оставаат плажите во хаос. Туку нашите, тие што се декларираат како најголеми патриоти, а зад себе оставаат најмногу отпад – рече албанскиот премиер Еди Рама вперувајќи го прстот кон туристите кои „сакаат да одат во војна со Србија“.
Еди Рама е познат по контроверзните идеи за закони кои често ги објавува на социјалните мрежи, како министерство управувано од вештачка интелигенција, едногодишна забрана за ТикТок и затвор за инвеститорите кои ќе изградат дивоградба. Во меѓувреме Албанија силно се дигитализира во јавниот сектор, додека во август со динамит беше срушена дивоградба.
Кабинетот на Рама се огласи за идејата за забрана на „талава“ музиката велејќи дека „не станува збор за дискриминација, туку за јасна цел – туристичка култура на повисоко ниво“.
Талава е музички стил кој своите корени ги има во 1980-тите меѓу ромските и ашкалиските заедници во Косово и во Македонија. Подоцна жанрот се проширил низ целиот Балкан, особено меѓу албанската популација. Денес, талавата има двоен статус. Од една страна ја пуштаат на свадби, но често се потценува како „музика без вредност“.
Изјавата на Рама доаѓа во време кога Албанија бележи рекордни бројки на туристи, но и зголемена загриженост за одржливоста на туристичките дестинации.