🎥 НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА Родители се расправаат со негувателот додека децата им висат на ограда

На снимката се гледа како негувателот им приоѓа на децата и ги предупредува да слезат од оградата. Во тој момент реагираат и дел од родителите кои наместо да помогнат, му возвраќаат со забелешки.

7,176

Во скопската Зоолошка градина викендов настана непријатна ситуација откако група деца се качија на оградата на едно од живеалиштата, иако јасно е истакнато дека тоа е забрането. Настанот го забележа и го објави со видео на социјалните мрежи еден од негувателите – Војо Иванов.

На снимката се гледа како Иванов им приоѓа на децата и ги предупредува да слезат од оградата. Во тој момент реагираат и дел од родителите кои наместо да помогнат, му возвраќаат со забелешки.






– Господо! Господо, доле! Доле господо – вели Иванов, по што еден од присутните родители му возвраќа: „Полека бе, полека“. Кога негувателот укажува дека „децата ви се горе“, родителот одговара: „Ако де, што има врска? Да не се внатре?“

Дијалогот продолжува со инсистирање на Иванов дека мора да се симнат од оградата, на што родителот реплицира: „Понашај се малку покултурно“.

– Јас култура, а вие сте на ограда? – му враќа негувателот, а родителот пак возвраќа: „Ако, мое право“.

Под самото видео, Иванов напиша коментар: „Ризик јак, недела со гостите“, додека во реакциите на јавноста доминираа критики за недоличното однесување на посетителите.

Поврзани содржини