КИМ ЈОНГ УН СО СПЕЦИЈАЛЕН ОКЛОПЕН ВОЗ ПРИСТИГНА ВО КИНА Лидерот на Северна Кореја ќе присуствува на кинеската воена парада

Ким го напушти Пјонгјанг за Кина на 1 септември и ја премина границата со Кина рано наутро на 2 септември, објави севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“.

1,196

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг- Ун, ја премина границата со Кина со својот специјален воз рано утрово на 2 септември за да присуствува на прославата на официјалното предавање на Јапонија во Втората светска војна, објавија севернокорејските државни медиуми.

Ким го напушти Пјонгјанг за Кина на 1 септември и ја премина границата со Кина рано наутро на 2 септември, објави севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“.






Тој се вози со темнозелениот специјален воз, кој изгледаше слично на оклопниот воз што го користел претходно за да патува до други земји како Кина и Русија.

Пред да ја премине границата, Ким на 1 септември посети ракетна лабораторија која истражува материјали за мотори за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), објави државната медиумска агенција KCNA.

Поврзани содржини