СИЛНО НЕВРЕМЕ ДОАЃА НА БАЛКАНОТ, МОЖНА Е СУПЕРКЕЛИЈСКА БУРА За викендот ќе врне крупен град и ќе грми
Познатиот метеоролог очекува силни грмежи, јак ветер и појава на крупен град кои пристигнуваат на Балканот поради циклонската активност над Џеновскиот Залив во Италија.
Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот Залив, во петок и во сабота (29/30 август) целиот регион ќе биде зафатен од поројни врнежи, грмежи, силен јужен ветер.
На повеќе места се очекува појава на силни временски непогоди, проследени со многу дожд (над 50 л/м2 за кратко време) силен и бурен ветер, силни грмежи и громови, појава на крупен град, а над Јадранот можна е и појава на пијавица (торнадо).
Повеќе детали за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.