ТРАМП РАСПАЛИ ПО СОРОС И ПО СИНОТ НА МИЛИЈАРДЕРОТ ВО ОБЈАВА Ги обвини дека ги поддржувале насилните протести во САД
Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според законот РИКО поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ цела Америка. Нема да им дозволиме на овие лудаци да ја уништат Америка, не давајќи ѝ шанса да „дише“ и да биде слободна, наведе шефот на САД во објава на социјалната мрежа „Truth Social“.
Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот за влијание и корупција во организациите (РИКО).
„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според законот РИКО поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ цела Америка. Нема да им дозволиме на овие лудаци да ја уништат Америка, не давајќи ѝ шанса да „дише“ и да биде слободна“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“.
Американскиот претседател додаде и дека Сорос и „неговата група психопати“ нанеле голема штета на Соединетите Држави, а дека во тоа се вклучени и „лудите пријатели на Сорос од Западниот брег“.
„Бидете внимателни, ве следиме“, додаде Трамп.