🎥 АКА ЧАРЛИ ШИН Актерот проговори за пеколот на зависноста, односот со татко му и темната страна на Холивуд

Најплатениот актер на сите времиња, контроверзниот Чарли Шин, отворено проговорил за својот живот и пеколот од зависноста во новиот документарец во два дела на Нетфликс, со наслов „aka Charlie Sheen“.

262

– Кога носиш многу срам, тој те гуши. Сам западнав во тоа, а мојот живот се претвори во се она што не требаше да биде, признава Чарли Шин во трејлерот за новиот документарец во два дела на Нетфликс, со наслов „aka Charlie Sheen“.

Во овој документарец кој премиерно ќе почне да се прикажува на 10 септември, актерот зборува за победите, за поразите и за цената на преживувањето под најсјајните рефлектори и најтемните сенки на Холивуд.






Филмот ја следи неговата слава, падовите кои завршувале на насловните страници и личните борби кои станале јавен спектакл.

Шин бил вечна тема на таблоидите, а сега е конечно поготвен да говори соочувајќи се со гласините, скандалите и хаосот за кој вели дека самиот е виновен.

Тој прераскажува детали кои претходно ги споделувал само со терапевтот, а особено емотивен момент е разочарувањето кое смета дека му го приредил на неговиот татко, актерот Мартин Шин.

– Навистина ги повредив луѓето кои ги сакам, вели Шин.

Документарецот содржи и интервјуа со оние кои најдобро го познаваат Чарли, од семејството и приајтелите до холивудски инсајдери, меѓу кои и неговиот поранешен дилер на дрога.

Интервјуа со Дениз Ричардс, Хајди Филс, Џон Крајер, Шон Пен, Рамон Естевез, Брук Мулер, Крис Такеп. Во серијата се појавува и неговата ќерка Лола Шин, конзервативна христијанка која говори за предизвиците и односите со лице со зависност, но го нема неговиот татко Мартин Шин, братот Емилио Естевез, ниту оттуѓената ќерка Сами Шин.

Режисерот Ендру Рензи рекол дека тие и натаму му даваат поддршка на Шин, но сакаат „да го пуштат Чарли, да го има овој свој момент“.

Инаку, освен документарецот, Шин на 9 септември ги објавува и мемоарите „The Book of Sheen“.

Поврзани содржини