СУЗАНА СПАСОВСКА ИЗГЛЕДА ФАНТАСТИЧНО НА 61 ГОДИНА Пејачката го прослави влегувањето во седмата деценија со џам лице

Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, хахахаааа... Ама, не, сепак вака си е најдобро, пишува пејачката на своите социјални мрежи објавувајќи фотографии од прославата на својот 61-ви роденден

542

Сузана Спасовска, македонската фолк пејачка, која во младоста беше рокерка, неодамна го прослави својот 61-ви роденден, а убавата атмосфера ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Таа објави неколку фотографии на кои се гледа славеничката еуфорија, придружени со нејзини препознатливи духовити коментари.

Фото: Приватна архива/Фејсбук

 






– Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, хахахаааа… Ама, не, сепак вака си е најдобро. (Единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7). А тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм… Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка ми беше како светлина што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам! Слава ти Боже!, напиша Спасовска.

Инаку, очигледно е дека пејачката изгледа одлично и може да се пофали со одличен тен,  младешки изглед и џам лице.

Нејзиниот роденденски настап на социјалните мрежи предизвика лавина честитки и убави желби од пријатели, колеги и обожаватели.

 

Поврзани содржини