НИКОЛОСКИ И РОКАС ЗБОРУВАА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ Евроамбасадорот бил информиран како течат работите со Коридорите 8 и 10

Соговорниците разменија мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, како и за можностите за отпочнување на капитални проекти во државата поддржани од Европската унија, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.

141

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Михалис Рокас, информирал за прогресот на актуелните проекти под надлежност на Министерството за транспорт, со акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура како дел од коридорите 8 и 10.

„Соговорниците разменија мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, како и за можностите за отпочнување на капитални проекти во државата поддржани од Унијата, која е силен и стратешки партнер како во процесот на пристапување на државата во европско семејство, така и во обезбедувањето на финансиска поддршка на низа значајни проекти“, информира прес-службата на Министерството за транспорт.

Поврзани содржини