МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ГРЦИЈА Проектот „Пуљевац“ веќе се крчка

Со реализација на овој проект очекувам туризмот и економските размени да се кренат на многу повисоко ниво, порача актуелниот градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

1,697

За третиот градоначалнички мандат, заедно со мојата матична политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, планираме да реализираме посуштински и постратешки проекти, а еден од нив е Македонија дадобие нов граничен премин со Република Грција, изјави актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Кавадарци како најразвиена индустриска зона во Македонија има проект којшто веќе се работи во ЈП „Државни патишта“ за изградба на обиколница. Таа обиколница ќе биде долга околу 16 километри и тешкиот товарен сообраќај и транзитот би го тргнале од урбаните средини, а тоа на дневна основа е 250-400 тешки товарни возила кои секојдневно прават еколошки неред низ градот. Во склоп на овој проект е реализација на граничниот премин Пуљевац за кој сметаме дека ќе успееме во текот на следниот мандат целосно да го реализираме. Со тоа нема да биде Општина Кавадарци крајот на светот, туку ќе биде продолжеток кон друга држава, а тоа во случајов е Грција. Со реализација на овој проект очекувам туризмот и економските размени да се кренат на многу повисоко ниво – истакна Јанчев.

Поврзани содржини