РЕНЕ ЗЕЛВЕГЕР ДЕБИТИРАШЕ КАКО РЕЖИСЕРКА, СО ЦРТАН ФИЛМ „Тие“ е дводимензионален анимиран филм за токсичната негативност

Рене Зелвегер дебитираше како режисерка со анимираниот краток филм They — кој се правел седум години.

50

Холивудската двојна Оскаровка, Рене Зелвегер (56), го направила својот прв официјален исчекор зад камерата со анимираниот краткометражен филм They, кој ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Единбург (14–20 август 2025).

Филмот е рачно нацртан, дводимензионален и бил инспириран од нејзините разговори за токсичноста и длабоката поларизација во општеството, со болен пријател и неговиот негувател.






– Тоа беше нешто што се случи сосема случајно, вели таа. Не мислев дека режирањето би било моја лична амбиција, освен ако не почувствувам ненаметлив повик да раскажам вистинска приказна.

„They“ ја раскажува приказната за едно мало место под облаци од негативност — град што чека спасител, но планот за мир се свртува наопаку со сериозни последици. Овој краток филм е продукт на нејзината продукциска куќа Big Picture Co. и е резултат на нејзината љубов кон уметноста на анимацијата.
Работејќи паралелно на Judy (2019) и Bridget Jones: Mad About the Boy (2025), Зелвегер вели дека создавањето на They било исклучително.

– Го направивме затоа што го сакавме тоа. Тоа беше едноставно радост. Малиот проект што можеше да се направи.

Зелвегер ја развила страста за анимација уште како студентка на Универзитетот во Тексас, каде често посетувала филмски фестивали со кратки анимирани филмови.

Поврзани содржини