📷 МУ НАШЛЕ 11 СТЕБЛА МАРИХУАНА, РАЧНА БОМБА, ПУШКА Полицијата уапси 39-годишник во Казандол

При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд - Гевгелија, пронајдени и одземени биле 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 милиметри, една рачна бомба - постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана, појаснија од МВР.

614

Дрога, оружје и муниција биле пронајдени при претрес во валандовското село Казандол, по што едно лице било лишено од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, вчера во 6 часот во селото, полициски службеници го уапсиле Е.А., на возраст од 39 години. Тој е задржан во полиција.






„При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд – Гевгелија, пронајдени и одземени биле 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 милиметри, една рачна бомба – постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана“, појаснија од МВР.

Фото: МВР

 

Поврзани содржини