СРПСКИТЕ СИНДИКАТИ БАРААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА Вучиќ предлага таа да изнесува 550 евра

Сега минималната плата е 53.592 динари (457 евра), од 1 октомври треба да се зголеми за 9,4 проценти на 58.630 динари

92

Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) и Синдикатот УГС Независност денеска на седница на економско осцијланиот освет  ќе предложат минималната плата за 2026 година да се зголеми на околу 600 евра или 70.000 динари,објавија српските медиуми.

Според советникот за економски прашања на Независност  Зоран Ристќ, до овој износ е дојдено со анализа на минималната и просечната потрошувачка кошничка.






-Долго време укажуваме дека минималната потрошувачка кошничка реално не ги одразува потребите на граѓаните. Ќе предложиме часовната плата да се зголеми од 400 на 405 динари, односно минималната плата да биде околу 70.000 динари – рече Ристиќ.

Тој додаде дека синдикатот ќе го постави и прашањето за зголемување на другите плати во јавниот сектор за време на преговорите, бидејќи зголемувањето на минималната плата го намалува распонот во однос на другите плати, па затоа тие се изедначени.

Сега минималната плата е 53.592 динари (457 евра), од 1 октомври треба да се зголеми за 9,4% на 58.630 динари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека минималната плата од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра или 64.460 динари.

 

Поврзани содржини