ПОЖАРОТ ВО ЈЕГУНОВЦЕ ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА Репетиторите се успешно спасени и се во функција

Пожарот во Јегуновце гори на рид каде што има неколку репетитори.

262

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, од кои два се оценети како најсериозни.

– Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но предмалку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце, кој гори на рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите се успешно спасени и остануваат функционални, но пожарот е сè уште активен – изјави Ангелов.






На терен дејствува еден полициски хеликоптер, а според проценките на Дирекцијата, се очекува пожарот во Јегуновце да биде ставен под целосна контрола во текот на денешниот ден. 

Поврзани содржини