📷 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ВРЗАЛ КУЧЕ ЗА АВТОМОБИЛ И ГО ВЛЕЧЕЛ ПО УЛИЦИ Полицијата го фати насилникот, животното е на сигурно

2,231

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии на кои се гледа куче врзано и влечено зад автомобил на отворен пат. Станува збор за сериозен чин на злоупотреба и изживување врз животното, што предизвика лавина од реакции и осуда.

Според објави на социјалните мрежи, благодарение на брзата интервенција на Министерството за внатрешни работи и на Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето било пронајдено, одземено, згрижено и моментално е во стабилна состојба.






Наводно, лицето кое го извршило ова грозоморно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки од надлежните институции.

Поврзани содржини