БРЕНДОТ ШТО ГИ ИЗРАБОТИ УКРАСНИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ЗА РОМАНОВИ Е ПРОДАДЕН Нов сопственик на „Фаберже“е руски технолошки инвеститор
Причина за продажбата на брендот, според британските медиуми, е падот на приходите и политичките немири во Мозамбик, каде што има рудник за рубини.
Британската рударска компанија „Гемфилдс“ го продаде познатиот луксузен бренд „Фаберже“, познат по накитот и декоративните велигденски јајца произведени за руската династија Романов, на инвестициската фирма „СМГ Капитал“ за 50 милиони долари.
Причина за продажбата на брендот, според британските медиуми, е падот на приходите и политичките немири во Мозамбик, каде што има рудник за рубини.
Според условите на трансакцијата, „Гемфилдс“ ќе добие 45 милиони долари по затворањето, закажано за август, додека преостанатите 5 милиони долари ќе бидат исплатени преку квартални плаќања на авторски права, објавува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Нов сопственик на брендот стана рускиот технолошки инвеститор Сергеј Мосунов, извршен директор и сопственик на компанијата „СМГ Капитал“.
Мосунов најави планови за глобалниот пазар на луксузни стоки.
Минатата година, „Фаберже“ оствари приходи од 13,4 милиони долари, што е намалување во споредба со 15,7 милиони долари од претходната година.
Брендот е создаден од златарот Питер Карл Фаберже ког своите ремек-дела од скапоцени камења и скапоцени метали ги создавал во работилница во Санкт Петербург. Првите јајца биле нарачани за рускиот цар Александар III и царот Николај II како велигденски подароци.
Од приближно 50 јајца направени за царското семејство помеѓу 1885 и 1916 година, повеќе од 40 се зачувани. Една од најпознатите трансакции се случила во 2004 година, кога нафтениот и гасниот тајкун Виктор Векселберг платил повеќе од 90 милиони долари за девет царски јајца, тогаш втора најголема колекција во светот која била во сопственост на медиумското семејство Форбс од Њујорк.