ОД ОВЧАРИ СТАНАА МИЛИОНЕРИ Визијата на ДУИ за Македонија е продавање на идентитетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

1,032

Ја видовме визијата на ДУИ за Македонија, побратимување со своите измеќари од СДСМ, продавање на македонскиот идентитет, рушење на институциите и пљачка на државниот имот. Тоа е визијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се направи анализа на тајкунскиот карактер на функционерите на ДУИ кои од овчари станаа милионери, и се стави сето тоа во еден визионерски контекст на Ахмети, ќе сфатиме дека во право се старите мудри Македонци и Албанци кои велат: ‘Нема ништо полошо од ненаситен човек’. Но, за ова не е виновен ДУИ, туку СДСМ. СДСМ се тие кои дозволија ДУИ да метастазира во општеството, јадејќи ги клетките на сите граѓани во оваа држава, без разлика на етничка припадност. Буџетот на Македонија за ДУИ беше цуцла-успивалка и секогаш кога ќе почувствуваа мала несигурност и анксиозност, тие мораа да украдат нешто за да се смират. Тоа е буџет од даноци кои ги плаќаат сите граѓани. А ДУИ тоа го правеше затоа што во СДСМ имаше поткупливи, корумпирани политичари кои исто така сакаа да крадат и беа седнати, поради своите страсти, во скутот на ДУИ и заедно со нив тераа и си молчеа. Целата јавност треба да е свесна дека визијата на Ахмети е таа. Пљачкање на Македонија, создавање тајкуни и мафијаши од овчари и неписмени уличари, и давање визионерска идеолошка обланда на сето тоа под плаштот на борба за демократија, права или европска иднина“, се наведува во соопштеието.






Ова не важи за чесните членови на ДУИ кои ги почитуваме и со кои, иако некогаш не се согласуваме, можеме и да соработуваме, посочено е таму.

„Ова важи за дел од функционерите кои го имаат окупирано ДУИ и не се реформира и не дава на чесните да доминираат, преку дивјаштво и злоупотреба врз албанскиот народ во државата, кој живее со проблеми и сиромашно исто како и Македонците и останатите, кои сите заедно делат исти предизвици за кои работиме да ги надминуваме. На Албанците им се потребни луѓе кои ќе им го подобрат животот и секојдневието, и ќе им донесат повеќе пари и можности, а не личности како дел од овие од ДУИ кои ги злоупотребуваат и си создаваат можности и пари само за нив“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини